Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Ердон Даци: Во текот на целиот натпревар се залагавме и по нашата борбеност на теренот се гледаше дека сме желни за победа
Ердон Даци: Во текот на целиот натпревар се залагавме и по нашата борбеност на теренот се гледаше дека сме желни за победа

Ердон Даци: Во текот на целиот натпревар се залагавме и по нашата борбеност на теренот се гледаше дека сме желни за победа

Младинците на ФК Вардар го добија дербито со екипата на Шкендија забележувајќи ја деветтата последователна победа во првенството. Овој натпревар се одигра на теренот во населбата Јане Сандански и заврши со триумф на нашиот состав од 3:2. Иако имавме високо водство од 3:0 поради мало опуштање дозволивме да примиме два погодоци. Со новите три бода се одалечивме на плус четири од екипата на Шкендија и се зацврстивме на првата позиција на табелата. Два гола на овој натпревар беа на Ердон Даци, кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој триумф.

-Ова беше дерби на колото, во кое двете екипи прикажаа одчина игра, но сепак на крајот заслужено бодовите останаа кај нас. Во текот на целиот натпревар се залагавме и по нашата борбеност на теренот се гледаше дека сме желни за победа. На крајот од натпреварот малку се опуштивме и дозволивме на Шкеднија да постигне два гола и да го ублажи поразот. Сепак најважно за нас е што на крајот триумфиравме и ги освоивме трите бодови. Морам да истакнам дека сум презадоволен од мојата екипа, имаме 12 победи од исто толку одиграни натпревари во домашното првенство и купот. Голем дел од заслугата за добрите резултати има нашиот тренер Љупчо Марковски, кој верува во нас. 

a9

Ердон се здоби со мала повреда во рамките на куп натреварот на првиот тим на ФК Вардар против Скендербегу. Тренерот Седлоски му пружи шанса да игра на тој натпревар. Сепак Даци брзо се опорави од повредата и се врати на настапите за младинскиот состав, каде повторно ги тресе противничките мрежи.

-Имав повреда на коленото која ја здобив на натпревар за првиот тим на куп дуелот со Скендербегу. Паузирав еден месец, но тоа е минато, сега се чуствувам добро и сум среќен што повторно почнав да постигнувам голови. Сакам да продолжиме во истово темпо и на наредните натпревари кои следат. Нашата цел е на крајот од сезоната да ја освоиме двојната круна и да се радуваме на трофеите. Многу сум горд што сум дел од оваа екипа на Вардар. Се наоѓаме во добра форма и само така да продолжиме и понатаму, изјави Ердон Даци за нашиот сајт.

Звонко Ивановски