По Вања Марковиќ шампионот на Македонија доведува уште еден играч до Србија. Според српските медиуми пред потпис и договор со ФК Вардар е напаѓачот и член на Спартак од Суботица, Ѓорѓе Ивановиќ.
Ивановиќ има 22 години, сезоната ја започна одлично на досега седум одиграни натпревари во првата лига има постигнато четири погодоци што го става во топ – 5 стрелци во овој момент. Ивановиќ минатата сезона на 35 првенствени натпревари постигнал 8 голови.
Вардар досега го ангажираше Итало на позицијата напаѓач.