Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Младите категории на ФК Вардар одлично почнаа сезонава, три победи и едно реми на стартот
Младите категории на ФК Вардар одлично почнаа сезонава, три победи и едно реми на стартот

Младите категории на ФК Вардар одлично почнаа сезонава, три победи и едно реми на стартот

Викендов, во саботата и неделата се одигра првото коло за младите категории на фудбалскиот клуб Вардар во домашната лига. Наш противник на сите четири  генерации беше Ренова. Вардар дојде до победа кај три, младинци, кадети и помлади пионери, а пионерските екипи одиграа реми. Сосема успешен старт за младите категории во сезоната 2017/2018, ние од можните 12 бода успеавме да собереме 10.

Убедлив старт на сезоната за младинците на фудбалскиот клуб Вардар, кои во рамките на првото првенствено коло беа подобри од екипата на Ренова. Новиот тренер на младинскиот состав, Петар Ѓорѓиевски имаше успешно деби со оваа генерација, покажувајќи дека Вардар оваа сезона ќе биде најголем претедент за освојување на титулата. Со “петарда„ во мрежата беше испратена дома Ренова, која беше целосна надиграна на вчерашниот натпревар кој се играше на теренот во населбата Јане Сандански. Хет трик постигна Бојан Колевски, додека по еден беа дело на Јахја Абдулхади и повратникот во екипата Оливер Дишлиевски.

16
Со победа тргна новата натпреварувачка сезона за кадетите на ФК Вардар кои во првото коло на домашен терен ја победија екипата на Ренова. Оваа генерација во новата сезона ја предводи Влатко Колев, кој стартуваше со три бода. Со резултат од 2:1 го победивме противникот од Тетово, а головите за нашиот состав ги постигнаа Саит Битиќи и Бојан Димоски.
Одлично почнавме и во   лигата за помлади пионери, тие во првото коло од оваа сезона гостуваа кај тетовска ФК Ренова. Нашите момци оваа сезона ќе ги предводи Љупчо Марковски-Калц, тие денес триумфираа во Тетово со одлично второ полувреме со резултат 1-4 (0-0). Занас три гола постигна Мирков Антонио, а еден гол даде Трајановски Дамјан.
Во неделата во Тетово се одигра првиот дуел за нашите пионери во новата сезона во пионерската Супер лига. Момците на Вардар гостуваа кај екипата на ФК Ренова. Избраниците на Тодоровски Сашо Рат-Тап одиграа реми исход со “гипсарите“ овој дуел заврши со резултат 1-1 (0-0).  Стрелец на единствениот гол беше Леонид Игнатов.