Вардар и Којашевиќ раскинаа! Црногорскиот репрезентативец Дамир Којашевиќ по се изгледа по репрезентативната пауза нема да се врати во редовите на црвено – црните.
Како што е добро познато Којашевиќ беше интересен за Сараево одреден период, но според новите информации играчот ќе се врати во полскиот шампионат, во тимот на Јагелонија. Којашевиќ и Вардар по се изгледа спогодбено ќе го раскинат договорот. Ова значи дека во Вардар се отвара можност за нов играч странец.
Којашевиќ во Вардар одигра 40. официјални натпревари и постигна 13. голови.