Вардар фанс во следниов текст ќе ве запознае со еден од подобрите поединци и заменик капитенот на Вардаровата генерација родени “2002“. Се работи за Дамјан Трајановски, кој е еден од носителите на играта на оваа генерација. Ние како медиум кој известува за сите младински категории во фудбалскиот клуб Вардар, продолжуваме со интервјуа од младите надежи на црвено-црните, кои се иднина на Вардар и Македонскиот фудбал. Го запрашуваме младиот вардаров играч од каде желбата за фудбал , од кога тренира и какви беа неговите почетоци :
Фудбалот беше моја страст, уште откако станав свесен дека мојата фамилија живее за фудбалот. Мојот татко како најголем идол ја зачна мојата најголема желба која стана моја реалност. Се занимавам со фудбалот уште пред да почнам официјалнп во клубот Металург, а пред тоа редовно играв и тренирав во с.Оптичари. Прв тренер ми беше Коста Нацев кај кој тренирав 2 години, а потоа и Сашко Караджов кој ме тренираше 4 години. Во ФК Вардар прв тренер ми беше Павел Неделковски, а од јануари оваа година Петар Ѓеоргиевски. Сметам дека со труд и напорна работа можам да постигнам големи успеси, во црвено-црниот дрес.
Младиот црвено-црн фудбалер во продолжение ни ги соопштува својте гледишта за тоа што значи да си дел од најголемиот спорски бренд во републикава. Тој го споделува своето мислење за “Јуниор “ лигата, особено е интересна неговата инспирација од богата вардарова историја за негов напредок.
Како што напоменав моите почетоци беа во Металург , после 6 години се појави можноста да тренирам во најдобриот клуб во Македонија . Па во 2014 преминав во Вардар и чест ми е што сеуште настапувам за овој клуб, бидејќи тоа значи да си дел од нешто “големо“. Според мене Јуниор лигата е добар проект на ФК Вардар, место каде што сите таленти од другите градови можат да ги покажат својте квалитети. Јас добивам голема инспирација за тренирање кога ги гледам старите слики од Вардар и преполниот стадион и посакувам јас да имам можност еднаш да заиграм во првиот тим . Вардар е тимот со најголема историја во Македонија и се гордеам што имам можност да тренирам во Вардар .Се надевам дека ќе имам можност да го кренам трофејот на Лига на шампиони со Вардар и да ги направам горди Скопје и Македонија.
За крај Дамјан прави краток осврт на веќе завршената сезона, впечатоците од нив. Воедно тој ни ги соопштува неговите очекување за новата сезона 2016/2017 во која силниот турнир “Скопје куп“ е прв предизвик за генерацијата “2002“ чии заменик капитен е он.
Претходната година ни беше одлична, но сепак го изгубивме тој несреќен натпревар со Академија Пандев, но затоа оваа година се спремаме многу повеќе и јас лично очекувам дека ќе го освоиме Скопје куп и детската лига во која ќе се натпреваруваме. Оваа година како што реков се спремаме многу повеќе од другите години и јас сум сигурен дека сиот овој труд ќе се исплати и дека ќе го освоиме Скопје Куп, изјави Трајановски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски