Вардар денеска со почеток во 17 часот и 30 минути во населбата Ѓорче Петров ќе одигра пријателски натпревар против новиот прволигаш. Тренерот на Вардарци Седлоски, на овој натпревар денеска ќе смета на половина од играчите. Ова ќе биде шанса за сите играчи да се докажат пред почетокот на ПМФЛ, која стартува идната недела.
Овие два натпревари, против Ѓорче денеска и утре против Еуромилк ќе бидат последни тестови за Вардар пред стартот на новата сезона и одбраната на титулата. Денешниот натпревар стартува со почеток во 17 часот и 30 минути, сите љубители на ФК Вардар ќе можат да го проследат својот миленик на стадионот во Ѓорче.