Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар утре го има првиот собир за новата сезона
ЖРК Вардар утре го има првиот собир за новата сезона

ЖРК Вардар утре го има првиот собир за новата сезона

Женскиот ракометен шампион утре во С.Ц. Јане Сандански ќе го има првиот собир во новата натпреварувачка сезона. Екипата предводена од Индира Кастратовиќ ќе остане во Скопје да тренира до шестти август, после што ќе замине на подготовки кои ќе се одвиваат во Терме Зрече ( Словенија). Таму се задржуваме до 18-ти август, по што се селиме во Словенија, каде ќе го одиграме првиот подготвителен турнир “Винко Кандија“. На истиот ќе настапат екипите на Крим Меркатор, Подравка и Дебрецен.

Во однос на играчките промени од изминатава сезона, од клубот си заминаа Дембеле, Зебиќ, Грбиќ и Черноиваненко. Нови засилувања за црвено-црните се голманката Песоа, десниот бек Лакрабер и левото крило Херем. Сите ови играчи ќе пропуштат голем дел од подготовките и турнирот во Словенија, поради настапот со своите репрезентации на олимпиксите игри во Рио. Покрај нив од исти причини ќе недостасуваат уште и Амандин Лејно, Јованка Радичевиќ и Андреа Кликовац. Екипата се очекува да биде комплетирана по пристигнувањето во Скопје, каде ќе продолжат подготовките настапите во лигата на шампиони.

Претходниве три сезони, Вардарки стигнуваа до завршниот турнир од најголемото ракометно натпреварување и во сите три години го освојувавме бронзениот медал. Се надеваме дека оваа сезона со малку повеќе среќа ќе одиме скалило погоре и дека конечно ќе се избориме за големото финале. Новите засилувања би требало да донесат завиден квалитет, кој би го подигнале потребното ниво на игра.