Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Ненад Дамјановски: Многу ми значи признанието за најдобар стрелец, потајно го очекував бидејќи постигнав најмногу голови на завршниот турнир
Ненад Дамјановски: Многу ми значи признанието за најдобар стрелец, потајно го очекував бидејќи постигнав најмногу голови на завршниот турнир

Ненад Дамјановски: Многу ми значи признанието за најдобар стрелец, потајно го очекував бидејќи постигнав најмногу голови на завршниот турнир

Вардаровата генерација родени “2008“ година станаа шампиони на Македонија во детската фудбалска лига. Избраниците на Павел Неделковски имаа импресивна сезона зад себе и на крајот сосема заслужено го освоија трофејот во ова натпреварување. Колективноста ја красеше оваа надежна генерација, пред која времето допрва започнува, но мора да се напомене дека тие имаа еден лидер, во името на Ненад Дамјановски, кој е најдобар стрелец на оваа генерација. Одличен играч, со големо чуство за фудбалската игра и пред се за постигнување на голови. Располага со добра техника на тие млади години и голема прегледност, што го прави да биде еден од најдобрите. Во следново интервју ве запознаваме со Ненад Дамјановски, кој ќе ни открие нешто повеќе за себе.

-Започнав да се занимавам со фудбал на уште четири години, бидејќи тоа беше мојот најомилен спорт. Фудбалот беше моја прва и најголема желба, а започнав да тренирам на шест годишна возраст во фудбалскиот клуб Тетекс, под водство на Цоле Урошевиќ. После некој месец, се преселив во најголемиот клуб во Македонија, Вардар каде продолжив активно да тренирам. 

vardarfans-nenad

Тоа беше дебитанска сезона во детската лига за генерацијата “2008“ на ФК Вардар, која се покажа како многу успешна. Со оглед дека екпата која стана шампион немаше ниту еден пораз, говори за нивната супериорност. Во големото финале на ова натпреварување, избраниците на Павел Неделковски ја победија екипата  на Талент од Битола.

-Сезоната во која се натпреварувавме како дебитанти во детската лига, за нас претставуваше голем успех. Без ниту еден изгубен натпревар и само со еден нерешен резулат успеавме да станеме шампиони. Тоа немаше да го постигневме ако не работевме напорно и макотрпно под водство на нашиот тренер, Павел Неделковски и цела екипа на оваа генерација. 

18664652_10209436323767216_5589932255054888877_n-660x330

Ненад вели дека немало трема кај него, на завршните мечеви, дека истата била разбиена во текот на сезоната.

-На завршните натпревари кои се играа на терените на фудбалската федерација на Македонија, кај мене не се чуствуваше никаква трема, бидејќи претходно одиграв многу натпревари во лигата и постигнав голем број на погодоци. 

Поединечните награди кај оваа генерација завршија во рацете на Вардарци. Токму Ненад Дамјановски беше прогласен за најдобар стрелец на завршниот турнир, додека неговиот соиграч, Лука Грчевски е најдобар голман. Ненад на завршните три натпревари постигна вкупно 8 голови.

-На завршниот турнир, на кој настапуваа најдобрите екипи од цела Македонија, успеав да постигнам вкупно 8 голови, благодарение на моите соиграчи успеав да бидам прогласен за најдобар стрелец во генерацијата родени “2008“ година. Искрено потајно ја очекував оваа награда, бидејки во целата сезона на детската лига имав постигнато многу голови. Многу ми значи ова признание кое го добив на финалниот турнир, што за мене ќе претставува дополнителен мотив и поттик за уште посилно да работам и да напредувам во фудбалската игра. 

19021798_10154939865873052_864115408_n

Еден од најдобрите светски фудбалери, Аргентинецот, Меси е негов најголем идол, од кого Ненад учи покрај малите екрани.

-Мојот најголем идол е Лионел Меси, од кого се огледувам во фудбалот. Најголема желба ми е еден ден да станам врвен фудбалер како него. На крајот сакам да се заблагодарам на тренерот, Неделковски како и на целата екипа за постигнатиот успех. 

Звонко Ивановски