Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сите патишта вечер водат кон “Јане Сандански“, нова прослава на четирите пехари и уште едно црвено-црно лудило
Сите патишта вечер водат кон “Јане Сандански“, нова прослава на четирите пехари и уште едно црвено-црно лудило

Сите патишта вечер водат кон “Јане Сандански“, нова прослава на четирите пехари и уште едно црвено-црно лудило

Вечерва сите патишта водат кон Спортскиот центар “Јане Сандански“ каде во 21-00 часот повторно ќе биде црвено-црно лудило. Влезот за овој настан е бесплатен и на истиот ќе имаме прилика да ги видиме сите четири пехари освоени оваа сезона. Трите претходно (ЛШ, СЕХА и Куп на Р.М) и пехарот за Шампион на Македонија кој ќе се додели вечер заедно со златните медали за момците.

Мечот  од последното коло во  Супер лига, помеѓу екипите на Борец и Вардар, ќе се одигра во Велес. Велешани ќе имаат можност во својата сала да ги видат новите европски шампиони, дуелот  ќе започне од 17 часот. По завршување на дуелот, нашите момци со стручниот штаб се враќаат за Скопје, каде за во 21:00 часот е предвидена свечената церемонија на доделување на златните медали и трофејот за освоеното домашно првенство. Навивачите на Вардар верните Комити исто така најавија присуство и повикаа да се дојде масовно на овој настан- види.