Раководството на Копенхаген веројатно е свесно дека нема да има голема поддршка од трибините на утрешниот натпревар, па сега со пиво ги мами своите навивачи да дојдат и да го проследат натпреварот против Вардар.
Од данскиот шампион на својата официјална веб – страна објавија дека вратите на фан-зоната ќе бидат отворени уште во 16 часот, првите 100 литри пиво ќе бидат бесплатни за фановите од спонзорот „Карлсберг“.
Натпреварот Копенхаген – Вардар започнува со почеток во 20-00 часот.