Тренерот на Копенхаген, Стале Солбакен верува дека неговите момци можат да одиграат еден добар натпревари и да постигнат два гола без да примат во својата мрежа. Солбакен напомена дека доколку неговиот тим сака да го елиминира Вардар, тогаш ќе мора да направи три важни работи.
“Има три важни точки ако сакаме да успееме против Вардар. Првата е екипата да покаже сила. Потребно е да ја зголемиме енергијата, посебно кога играме на домашен терен. Во некој моменти како да ни недостасува моќ. Втората важна работа е играта во одбраната. Против Вардар направивме неколку инвидуални грешки и тоа го искористи противникот. Очекувам публиката да биде голема помош за нас. Тоа е многу важно за нас. Сакам да имаме голема поддршка од трибините” , – рече Стале Солбакен.