Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Со пораз започна “Скопје куп„ за пом.пионери на ФК Вардар
Со пораз започна “Скопје куп„ за пом.пионери на ФК Вардар

Со пораз започна “Скопје куп„ за пом.пионери на ФК Вардар

Со пораз започна “Скопје куп 2017„ за Вардаровата генерација родени 2002 година. Утрово на теренот во населбата Горно Лисиче, помладите пионери го одиграа првиот натпревар на овој силен турнир, против екипата на Реал Ниш од Србија. Избраниците на Љупчо Марковски, беа минимално поразени со резултат 0:1. Се играа две полувремиња, по 25 минути.

Уште по првиот дел, противникот постигна гол и го отвори резултатот, што на крај се покажа како единствен на овој меч. Загубивме топка на средината на теренот, која се претвори во брз контра напад за Реал Ниш, кој успеа немилосрдно да ја казни. Вардарци имаа неколку прилики да постигнат гол, кои не ги реализираа. Во текот на утрешниот ден, го играме и вториот натпревар на турнирот. Со почеток од 10 часот на теренот на локомотива се среќаваме со тимот на Пелистер.

ФК Вардар: Станковски, Костовски (c), Петејчук, Крстевски, Асани, Омерагиќ, Трајановски, Салиу, Демири, Мирков, Речица.