Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Каков ќе биде составот на ППД Загреб за новата сезона, еден од противниците на Вардар во групата А
Каков ќе биде составот на ППД Загреб за новата сезона, еден од противниците на Вардар во групата А

Каков ќе биде составот на ППД Загреб за новата сезона, еден од противниците на Вардар во групата А

Екипата на ППД Загреб е еден од противниците на Вардар во најсилната група А, од лигата на шампионите. Втора сезона по ред, ждрепката сакаше да бидеме во група со шампионот на Хрватска. Во новата сезона екипата ќе ја предводи, Касим Каменица, кој инаку стигна во Загреб на крајот на сезоната, од екипата на Пелистер.

Екипата на Загреб во новата сезона ја засилија шест ракометари. Се работи за репрезентативниот голман на сениорската и младинската репрезентација на Словенија, Урх Кастелиќ, потоа Валентино Равниќ, Матеј Хрстиќ, Тин Лучин, Јосип Божиќ Павлетиќ, Марио Вуглач и можеби најголемото засилување, во името на поранешниот репрезентативец на Хрватска, Дамир Бичаниќ. Ракометари кои заминаа од Загреб, се голманот, Иван Стевановиќ кој во новата сезона ќе брани за Кадетен Шафхаузен и бекот Лука Шебетиќ кој замина во Трембле од Франција.

Нашиот противник во групата веќе ги започна подготовките за новата сезона, а моментално се наоѓа во Рогла (Словенија) каде го одработува главниот дел од припремите. Загреб ќе биде дел од неколку силни турнир, меѓу кои најзвучни се “Спаркасен куп“, каде ќе настапат екипи како Веспрем, Нант, кој е наш противник исто така во групата, потоа Фуксе Берлин, Штутгарт и Гепинген. Летните подготовки ќе ги затворат со турнирот во Стразбург, на кој ќе учествуваат и Шамбери, Елверум, Монпелје, Чеховски Медведи и Ла Риоха.

Носители на играта повторно ќе бидат најискусните, Вори, Хорват, како и Јосип и Тончи Валчиќ. Тука се и интернационалците од Словенија, Цингесар и Миклавчиќ.