Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Влатко Колев: Честитки до моите играчи за високиот ритам на сите три одиграни натпревари, на вакви силни турнири екипата напредува
Влатко Колев: Честитки до моите играчи за високиот ритам на сите три одиграни натпревари, на вакви силни турнири екипата напредува

Влатко Колев: Честитки до моите играчи за високиот ритам на сите три одиграни натпревари, на вакви силни турнири екипата напредува

Одлично трето место за кадетите на ФК Вардар кои беа дел од 13-сетото издание на силниот меѓународен турнир, “Fudbal frends„ во градот Фоча (БИХ). Во конкуренција на осум екипи, нашите кадети на крајот го освоија третото место. Одигравме вкупно три натпревари, на кои забележавме две победи и еден пораз. Ова беа првите натпревари и за тренерот Влатко Колев, како тренер на оваа генерација, која минатите две години настапуваа како пионери. Искусниот стратег изрази задоволство од прикажаната игра, резултатите и залагањето на неговите играчи. Тој во изјава за нашиот сајт ги сподели впечатоците од освоеното трето место на силниот турнир во Фоча.

vardarfans-kolev

-Еден од посилните, ако не и најсилен турнир на овие простори. Зад нас останаа едни реноминирани екипи и школи кои во регионов се едни од најмоќните, како Железничар, Будуќност, Партизан и Марибор. Морам да им честитам на моите играчи, за високиот ритам на сите три одиграни натпревари.

Малку недостигаше да играме финале на турнирот, откако минимално го загубивме полуфиналниот дуел против Ријека. Иако бевме рамноправен противник, сепак тимот од Хрватска се радуваше на триумфот. Турнирот беше еден вид подготовка и за стартот на новата сезона во домашните натпреварувања.

4

-Можеби во најдобро издание се покажавме во полуфиналето, против екипата на Ријека, но за жал го загубивме мечот. Сепак немаше да биде незаслужено, доколку резултат беше обратен во наша корист. Едно е јасно, дека само со вакви турнири и силни противници, екипата и играчите напредуваат. Ова е сосема друго ниво, од натпреварите кои ги играме во домашната лига. Остана жал за финалето, меѓутоа мора сите да бидеме задоволни со прикажаната игра во Фоча. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и на стартот на новата сезона во кадетската лига.

Звонко Ивановски