Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Керамичиева ќе “тресе” за првиот тим
Керамичиева ќе “тресе” за првиот тим

Керамичиева ќе “тресе” за првиот тим

ЖРК Вардар од денеска и официјално ги започнува подготовките за новата сезона. Вардарки денеска ќе го имаат првиот тренинг по пауза од речиси два месеци.

На денешниот прв тренинг во СЦ. Јане Сандански треба да присуствуваат пет нови ракометарки кои ова лето го засилија тимот на ЖРК Вардар. Тоа се, интернационалките Полена Кузнецова и Драгана Цвијиќ, како и репрезентативките на Македонија Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска и Јована Саздовска.

Керамичиева доаѓа од вториот тим на Вардар, каде минатата сезона беше најдобар играч на тимот. Младата Керамичиева се очекува многу да помогне во бековските линии на Вардар исто како и искусната Мирјета Бајрамовска.