Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Андреј Данстак со прв повик во националниот дрес, дел од тренинг кампот на Македонија У16 уште тројца вардарци
Андреј Данстак со прв повик во националниот дрес, дел од тренинг кампот на Македонија У16 уште тројца вардарци

Андреј Данстак со прв повик во националниот дрес, дел од тренинг кампот на Македонија У16 уште тројца вардарци

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години се наоѓа на тренинг камп во Кичево.

За овој тренинг камп, селекторот на Македонија, Вујадин Станојковиќ, повика четворица играчи од Вардар, еден од нив е дебитант. Се работи за голманот Андреј Данстак, кој прв пат добива шанса да биде дел од националната репрезентација. Данстак имаше одлична сезона пред себе, во која го бранеше голот на кадетската екипа, додека имаше и добри настапи на турнирот во Златибор, каде се истакна со своите интервенции. Тоа не остана незабележано од Станојковиќ, кој му даде шанса да го почувствува репрезентативниот дрес. Андреј напорно работи и сигурно дека ова за него е само почеток што се однесува до повиците во националната репрезентација.

Дел од Македонија на овие подготовки, се уште и Нуман Ајетовиќ, Дарко Сековски и Алтин Алији.