Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар го совлада РК Алкалоид за 5.место на турнирот „Марко Божиновски“
Вардар го совлада РК Алкалоид за 5.место на турнирот „Марко Божиновски“

Вардар го совлада РК Алкалоид за 5.место на турнирот „Марко Божиновски“

Вчера беше финалниот ден на првото издание на меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој се играше во чест на прерано починатиот млад ракометар. РК Вардар со својатата кадетска екипа зема учество на овој настан.

Игравме во дуелот за 5/6-место бидејќи завршивме на на позицијата број три во нашата група со една победа и два пораза. Во дуелот за 5 место, ракометарите на Вардар ја совладаа екипата на РК Алкалоид со седум гола разлика,  односно со резултат 35-28. Победата ја најавија момците на Пепи Манасков веќе по првиот дел, тие има шест повеќе погодоци од скоскиот ривал овој период го добивме со 18-12, па турнирот го завршивме со половичен успех, две победи на четири одиграни натпревари.