Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > Дарко Панчев

Дарко Панчев

Најмлад капитен во историјата на ФК ВАРДАР. На 17 години првотимец, во подмладениот состав што го формираше тренерот Вишњевац.
Дете на Вардар. Уште на 10 годишна возраст започна да го облекува црввено – црниот дрес. Првиот учител му беше Златко Илиевски. Потоа со него работеа сите и како што велеше: Oд секого по нешто, на крај доста научив, за да го предводам со успех вардаровиот напад, а како капитен и вардаровиот тим.
Darko-Pancev-mladinec1                                                                                           Дарко Панчев
Дебитираше во првата екипа на мечот со Партизан во Белград во 1982 година, кога Вардар беше поразен, но Дарко остави силен впечаток за играч што допрва ќе се зборува. Стана незаменлив во тимот, а на 18 години го облече и синиот младински дрес на средбата против Унгарија во Суботица.
Првиот репрезентативен гол за Југославија го даде против Австрија во Бања Лука, а тоа беше шести настап во најдобрата селекција на Југославија.
212650_BIGLANDSCAPE                                                                                      Шампионските генерации
Во првенството 1983/84 стана и најдобар стрелец во шампионатот на Југославија, што беше и своевиден светски рекорд со 19 голови.
како најмлад стрелец во светот
Тој велеше: Многу средби ќе ми останат во сеќавање, но сепак настапите, победите за Вардар и репрезентацијата секако имаат примат, велеше Дарко Кобра Панчев.