Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Историја > Рк Вардар (Формирање)

Рк Вардар (Формирање)

Ракометниот клуб Вардар е формиран во 1961 годнина, со преминување на тогашниот ракометен клуб Графичар во редовите на спортското друштво Вардар. Веднаш по формирањето клубот успева да се пласира во II сојузна лига, и во натпреварувачката сезона 1961/62 година успеал да го освои II место.
clip_image002                                 Ракометната екипа на Рк Вардар

Најпосле, во натпреварувачката 1975/76 година клубот го освојува I место во
II лига и се пласира во I сојузна лига со што го остварува и својот наголем усшех. Треба да се одбележи дека во тоа време Рк Вардар имаше квалитетен тим, што говори и фактот дека во натпреварувачката 1976/77 го освоила V место во првенството на Југославија.

Во овој изминат период на плодна работа и постоење на клубот од редовите на нашиот клуб произлегле и државни репрезентативци и во младинска и во сениорска конкуренција. Затоа не треба да се заборави дека за младинската репрезентација на Југославија настапувале и наши членови: Наумовски, Сипковски, Савевски и други, а за сениорската: Јовановски, Маринковиќ, Лозановски, Ивановски, Савевски и други.

Исто така треба да се одбележи дека и женската сениорска екипа со години била најдобра во републиката, и како таква две години со голем успех се натпреварувала во II сојузна лига.

Димитар Гогов