ФК Вардар утре во 14-00 часот го очекува квалитетен тест-меч со преставникот на најсилната Шведска лига тимот на Ѓургарден .
Ѓургарден е на подготовки за новата сезона во својата лига бидејќи кај нив се игра по принцип пролет-есен . Изминатата година во завршеното првенство тимот на Ѓургарден беше 7мо пласиран во најсилната Шведска конкуренција . Тимот има долгогодишна историја истиот е формиран далечната 1891 година .
Мечот се игра на теренот на Емирхан Сиде – Анталија истиот ќе можете да го проследите на веб-сајтот на ФК Вардар со почеток во 14 часот.