Младинците на Фк Вардар продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари пред почетокот на пролетниот дел од сезоната. Во еден груб меч кој го наметнаа гостите од Штип, на крајот со голот на Ѓорѓи Малов, вардарци забележаа победа против Брегалница.
-Од самиот почеток па се до крајот на натпреварот беше неизвесно. Бевме поспремни од гостинската екипа,имавме многу шанси но не ги искористивме. Брегалница во последните минути имаше шанса да го израмнат резултатот од пенал,но нашиот голман со добра проценка не спаси од реми. Среќен сум што го пoстигнав голот за победа, изјави Ѓорѓи Малов за нашиот сајт.
Во четврток на истиот терен, Вардар ќе одигра нов пријателски дуел против екипата на Милано.
Звонко Ивановски