Тимур Дибиров со своите атрактивни потези и погодоци од својата позиција, продолжува да ја воодушевува европската ракометна јавност. Неговиот погодок против Монпелје е избран во ТОП 5 најубави погодоци за ова коло во ЛШ, односно на третото место. Првото место за најубав гол очекувано му припадна на играчот на Загреб, Душко Челица кој постигна погодок од речиси пола терен. Освен ова признание, Дибиров е избран и во идеалниот тим на колото.