Нема одмор за кадетките на Жрк Вардар,кои после настапот на турнирот во Скопје продолжуваат со подготовките пред почетокот на вториот дел од првенството. Оваа генерација го брани трофејот од минатата сезона.
-Задоволна сум од првиот дел од сезоната. Во вториот дел од сезоната очекувам подобра игра и многу подобри резултати. Секој пораз за нас е само лекција за понатаму. Минатата година во првентството во наша генерација бевме шампионки на Македонија,се надевам дека и оваа година ќе успееме во тоа. Вардар е клубот во кој секој би сакал да игра.
На турниров во организација на ракометниот клуб Вардар, оваа екипа го освои првото место во својата категорија.
-Турнирот на Вардар “Еден живот, една љубов “ беше еден од најдобро организираните турнири на кои сме учествувале до сега. На терен влегувавме многу мотивирани и со желба да го победиме секој натпревар и да го освоиме првото место. Првите два натпревари беа во наша корист. Во финалето за противник ја имавме екипата на Велкова 5. Натпреварот не беше толку лесен како претходните. На полувреме завршивме со негатива од 3 гола 5:8, но во второто полувреме влеговме со поголема желба за победа и дојде до пресврт и, натпреварот заврши во наша корист од 10:15. Го освоивме првото место.
Најголем дел од поединечните награди, им припаднаа токму на кадетките на Вардар.
-Горда сум на моите соиграчи кои земаа поединечни награди за најдобри играчи. Јована Мицевска нашиот голман воедно и капитен зема награда за најдобар голман на турнирот. Турнирот заврши многу добро и сите бевме среќни и задоволни. Во иднина се надеваме на многу повеќе турнири и многу поголеми успеси. Засега наша најголема цел е да го оствариме успехот од минатата година, да го освоиме првото место во кадетското првенство, ни изјави Ангела Карчева за нашиот сајт.
Звонко Ивановски