Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > (Фото) Давид Голубов од ФК Вардар генер. “2006“ избран за најдобар играч на вториот пролетен турнир во “Јуниор лигата“

(Фото) Давид Голубов од ФК Вардар генер. “2006“ избран за најдобар играч на вториот пролетен турнир во “Јуниор лигата“

golub

Вчера се одигра вториот пролетен турнир во фудбалската Вардар Јуниор лига. На овој турнир  се натпреваруваа екипи од т.н. источен регион.  Домаќин на натпревари во Јуниор лигата беше   екипата на Мал Ајакс-Вардар која фунционира во градот Штип . На овој турнир настапија младинските екипи на ФК Вардар со генерациите на момчиња родени од 2003, 2004 и 2006 година. Свој настап имаше и Вардаровата генерација родени “2006“ година, избраниците на Игор Кралевски одиграа два натпревари, на кои забележаа победи.

Во првиот меч младите Вардарци се сретнаа со екипата на Рудар Јуниор од Пробиштип, на кој забележавме убедлива победа. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 7:1. На вториот дуел за противник ја имавме домашната екипа на Мал Ајакс од Штип. Нова добра игра и одличен меч за избраниците на Кралевски, кои беа подобра екипа на теренот и на крајот заслужено победија. Натпреварот заврши со резултат 5:1. Давид Голубов имаше ново голгетерско “шоу“ постигнувајќи хет-трик. Токму оваа “канонада“ кон голот на домаќинот на Голубов му ја донесе наградата   за “Најдобар играч на  турнирот“  кој се одвиваше во градот под Исарот-Штип.