Игор Карачиќ и Лука Циндриќ се единствените Вардарови играчи, кои успеаа со својата репрезентација да обезбедат пласман на олимписките игри во Рио. Хрватите во решавачкиот дуел беа подобри од селекцијата на Норвешка, победувајќи ја со резултат 27:21. Скандинавците немаа никаква шанса за надигрување со расположената селекција на Хрватска и феноменталниот на гол, Иван Стевановиќ, кој го заврши натпреварот со 16 одбрани. Избраниците на Желко Бабиќ имаа постојано водство во текот на целиот меч, а за 22 минути успеаа да примат само 3 гола, во тие моменти резултатот беше дури 11:3. Хрватска имаше можност и на полувреме да замине со двоцифрена предност, но Норвешка успеаа со неколку гола во серија да намали на 14:7.
Во второто полувреме се играше израмнеот, додека Хрватска умешно ја одржуваше стекнатата предност. Норвешка немаше сили да се врати во мечот, па на крајот мораше да се помири со поразот. Игор Карачиќ не беше во составот за овој натпревар, додека Лука Циндриќ не се запиша во листата на стрелци. Во оваа група Данска го освои првото место и исто така се пласираше на олимпијатада во Рио.
Хорхе Македа и Алекс Душеаев не успеаа со репрезентацијата на Шпанија да обезбедат олимписка виза во Рио. Попуста беше победата на Шпанците во дуелот со Шведска, бидејќи им беше потребен триумф изразен со повеќе од три голови разлика. Само победа од 25:23 за фуријата, која не беше доволна за едно од првите две места во квалификационата група. Шпанија загуби од Словенија со три гола разлика, додека Шведска ја победи Словенија со еден гол. На натпреварот против Шведска, во последните пет минути Шпанија влезе со три гола предност 23:20. Сепак не успеаа до крај да ја задржат оваа разлика, која им носеше пласман во Рио. Македа успеа да постигне 4 фола, додека Душебаев остана без погодок.
Од саботата беше познато дека Македонската репрезентација ги загуби шансите за пласман на олимписките игри, откако бевме поразени од селекцијата на Тунис. Во последниот дуел успеавме да го победиме Чиле, но тој триумф не донесе никакви промени на табелата. Полска и Тунис беа тие кои ќе патуваат во Бразил.