Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Петар Давидоски ги одигра сите 1.260 минути за пионерите на ФК Вардар
Петар Давидоски ги одигра сите 1.260 минути за пионерите на ФК Вардар

Петар Давидоски ги одигра сите 1.260 минути за пионерите на ФК Вардар

Откако направивме преглед на остварените резултати за пионерите на ФК Вардар, кои завршија на второто место во лигата, во продолжение од текстот ќе ви изнесеме статистика за тоа кој колку поминал на теренот, односно играчите со најголема минутажа кај генерацијата 2003.

Само еден играч во пионерската екипа, може да се пофали дека ги одиграл сите 14 натпревари од самиот почеток па се до крајот. Капитенот, Петар Давидоски ги има одиграно сите 1.260 минути во есенскиот дел. Втор со најмногу минути на теренот е најдобриот стрелец на оваа генерација, тоа е Георг Стојановски кој има одиграно вкупно 1.187 минути, додека на третото место е Филип Ѓорѓиевски со 1.128 минути.

Оваа генерација има добиено најмногу жолти картони, од сите останати вардарови екипи кои се дел од младинските лиги. Вкупно 26 жолти картони се доделени за играчите од оваа генерација, додека имаат и пет црвени картони.

79668783_513375885948402_4040105100591497216_n