Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Импресивна полусезона за ФК Вардар генер.2006, избраниците на Спасески на доминантен начин станаа есенски шампиони во лигата
Импресивна полусезона за ФК Вардар генер.2006, избраниците на Спасески на доминантен начин станаа есенски шампиони во лигата

Импресивна полусезона за ФК Вардар генер.2006, избраниците на Спасески на доминантен начин станаа есенски шампиони во лигата

Генерацијата 2006 на фудбалскиот клуб Вардар имаше одлична полусезона. Ова беше прва година за оваа генерација во регионалната-скопска лига, во која одлично се снајдоа и прикажаа добри игри. Човекот кој ги однесе на врвот во детската лига, Филип Спасески, продолжи и сезонава да ја води генерацијата 2006 која стана есенски шампион во лигата. Речиси и да немавме рамноправен противник, на сите 14 одиграни натпревари, црвено-црните делуваа самоуверено, мотивирано и доминантно на теренот. Самата гол разлика од 76 постигнати и само 2 примени голови, говори за супериорноста на момците, кои се стекнаа со солидна разлика пред останатите конкуренти во овој дел од сезоната.

932

Сите остварени победи за генерација 2006 во есенскиот дел:

1 коло: Вардар – Шкендија  6:0

2 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  0:9

3 коло: Вардар – Работнички  1:0

4 коло: Шкупи – Вардар  0:3

5 коло: Вардар – Еуроспорт  5:0

6 коло: Њу Старс - Вардар  0:8

7 коло: Вардар – Кул Здравје  7:0

8 коло: Вардар – Форца  3:0

9 коло: Вардар – Милано  3:1

10 коло: Сарај – Вардар  0:2

11 коло: Вардар – Драчево Јуниор  1:0

12 коло: Грозданоски – Вардар  0:5

13 коло: Вардар – Фортуна  20:1

14 коло: Скопје – Вардар  0:3  ( службено)

На табелата, не е внесено последното коло и натпреварот против екипата на Скопје, кој го добивме со службен резултат (0:3). Така, со големи 10 бодови завршивме пред екипата на Милано, односно 11 од екипите на Шкендија и Еуроспорт.

20064

Немаме проблеми и во Куп натпреварување, каде на пролет ќе се бориме за пласман во големото финале, а со тоа и можност за освојување на двојната круна. Работнички и Постолов Пандев беа првите пречки кои беа успешно елиминирани.

1/8: Работнички - Вардар  0:5

1/4,1 меч: Вардар – Постолов Пандев  2:0

1/4, 2 меч: Постолов Пандев – Вардар  1:1