Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ објави статија за мексиканскиот РК Вардар
ЕХФ објави статија за мексиканскиот РК Вардар

ЕХФ објави статија за мексиканскиот РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар кој пред неколку години беше анонимен во Европа, сега е познат и во светот. Инаку, после освојување на првата Европска титула во далечното Мексико се создаде клуб со исто име и со иста боја на дресовите, а се работи за Вардар МХ кој е формиран во градот Монтереј. После две години, ЕХФ реши да напише нешто за „двојникот“ на нашиот Вардар.

„Мексико можеби не е познато по ракометниот спорт, но од септември 2017 година во оваа држава има двојник на скопски Вардар, кој е формиран во градот Монтереј. Станува збор за Вардар МХ, кој исто така е црвено-црн како својот ‘постар брат’, а единствената разлика е што овој клуб не е формиран 1961 година како оргиналот. Првата европска титула на вардарци беше причината поради која Мексиканците се решија на еден ваков чекор“, се вели на почетокот на текстот објавен на официјалната страна на ЕХФ.

Еден од основачите на овој клуб вели, дека Вардар со освојување на Лигата на Шампионите добил голема популација во Мексико.

„Освојувањето на Лигата на шампионите беше инспирирачка приказна за нас. Бидејќи играа фантастично и беа победници, клубот стана сѐ попопуларен дури и во Мексико, поради што научивме многу работи поврзани со нивните неверојатни навивачи и фантастичната земја Македонија. Победата во годинешното финале исто така беше посебна, а ние бевме горди како самите да сме биле дел од тој фантастичен подвиг“, изјави Хозе Мата-Гомез, еден од основачите на Вардар МХ.

Повеќе за овој новоформиран клуб можете да прочитате на линкот, ТУКА.