Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Леа Христоска: На полувремето со Металург, знаев дека овој тим може и знае да направи пресврт за „Есенска круна“
Леа Христоска:  На полувремето со Металург,  знаев дека овој тим може  и знае да направи пресврт за „Есенска круна“

Леа Христоска: На полувремето со Металург, знаев дека овој тим може и знае да направи пресврт за „Есенска круна“

На Вардар фанс често ги „опеваме“ нивните успеси, пионерскиот тим на ЖРК Вардар е приказна сама за себе. Девојките на Платон и Папуџиева се во невидена низа оваа  2019 година, победуваат се пред себе. Дојдоа до две титули, оваа сезона во истите конкуренции, пионерска и кадетска на полусезоната се лидери.  Девојките добија прекар „Лавици“ за нивните пожртвувани игри.

lea

Леа е дел од тимот кој „жнее“ титули на сите фронтови

Дел од оваа екипа е и младиот перспективен голман, Леа Христоска, талентирана млада дама. Таа има одлични   физички предиспозиции за „чувар на мрежата“, долги екстремитети и одлична моторика. Станува збор за голем работник која напредува со својот труд, залагање и пожртвуваност. Леа  започна  со настапи во Јуниор лига,  каде пленеше со своите одбрани, вешти потези, па покажа дека е потенцијал за во Вардар. Почна како надежен голман, прерасна во одличен има доста  љубов кон ракометот,  па тоа и донесе напредок,  сака предизвици па храбро се бори во својот млад живот со истите и покажува голем успех. Често нејзините одбрани се помалку неочекувани, брани инсипирирано и знае да му помогне на тимот особено кога не му оди, таа е последна брана пред нашиот гол. Нејзините настапи ветуваат успех во кариерата, сеуште е млада и сеуште има доста да учи и да се надоградува, но потенцијалот е голем кај неа. Станува збор за млада дама која одлично се снаоѓа помеѓу стативите. Во продолжение ви носиме интервју со оваа млада и харизматична личност и вардарова голманка.

*За почеток, Христоска ни ја раскажува нејзината ракометна приказна, како од млада девојка прерасна во одличен голман на шампионски тим во две категории. Нејзиниот пат е поврзан со црвено-црниот тим, најпрвин беше дел од  регионална школа на Вардар која играше во  Јуниор лигата каде со својот квалитет и допадливи игри се наметна да биде поканета да биде дел од црвено-црните.

Ракомет започнав да тренирам во пред четири години, во  јануари 2016 во ракометната школа РК Кастратовиќ и прв мој тренер беше Здравка Дамовска.  Потоа настапував во Јуниор Лигата и на Зимскиот Турнир каде многу научив.  После една година бев селекирана и  бев повикана во  новоформираната пионерска екипа на  ЖРК  Вардар. Се одлучив за ракомет бидејки секогаш на часовите по физичко во училиште кога игравме фудбал,  бранев и така некако започна желбата да бидам голман. Во тој момент женскиот ракометен тим на Вардар беше на врвно ниво и играше во Лигата на Шампионите, често ги гледав натпреварите со мојот татко и многу ми се допадна тој спорт. Посебно сакам да истакнам дека најголема потпора  да се одлучам за ракометот беа моите родители кои секогаш ме поддржувале за сите мои желби.

l3

Царчев е максимално посветен на работата со нас, се труди да ни пренесе знаење, па така ние напредуваме- вели Христоска…

 

*Голманската позиција била нејзин животен повик, таа уште на самиот почеток застанала помеѓу стативите. Напредувајќи од тренинг на тренинг, од меч на меч од сезона во сезона. Во нашиот клуб има шанса да работи со еминентен стручњак за млади голмани, Александар Царчев.

Уште од самиот почеток  кога пристапив на ракометот, започнав да тренирам како голман бидејки таа позиција најмногу ме привлекуваше.  Тоа подоцна се покажа  како доста исправен потег во мојот живот. Тренерот Царчев е многу посветен на нас и сака да ни го пренесе цело свое знаење за ракометот и за бранењето. Со него често имаме тренинзи кои се многу интересни и забавни, но и најважно многу битни нови работи учиме секој тренинг. Нормално дека со таков тренер кој е максимално посветен на нас ќе имаме напредок.  Секако многу важна улога во запознавањето на тајните на ракометот и ракометната игра има и мојот тренер Анжела Платон под чие цврсто водство успеавме да бидеме шампиони и во пионерска и кадетска лига и патем да освоиме неколку турнири во Македонија и надвор од земјата.

*Последниот дуел оваа есен беше најтежок, во кадетското дерби гостувавме на Металург, на одмор заминавме со два негатива. Тогаш таа доби прилика за настап, беше дел од пресвртот кога во вториот дел го “згазивме“ ривалот, впиша и неколку атрактивни одбрани.

Тоа беше првиот вистински предизвик со кој се соочивме оваа полусезона и нормално дека сите имавме трема, бидејки игравме со Металург кои дотогаш не беа поразени, на нивни терен во меч кој одредуваше кој ќе биде лидер на зимската паза. Покрај тоа тие се кадетска екипа,  а ние пионерски тим и се поискусни од нас во ракометната игра. Сепак ние дадовме максимум, па резултот на крајот покажа зашто сме Вардар. Воопшто не се сеќавам што се случуваше на полувремето кога требаше да тргнеме во пресврт,  но знам дека во глава ми се вртеше дека мораме и можеме да играме добро и да победиме. Тоа и се случи она што го замислив со моите сограчки го реализиравме на голема  радост за сите нас на теренот и оние кои не следат на нашите мечеви.

Низ мојата глава на полувремето со Металург се моташе една мисла, мораме да направивме пресврт..

Низ мојата глава на полувремето со Металург се моташе една мисла, мораме да направивме пресврт..

*Како ја оценува Леа есенската полусезона и двете лидерски места кои ќе ги имаме за време на паузата, заедно со очекувањата за пролетниот дел каде ќе ги браниме двете титули дознавме во продолжение.

За жал, игравме со многу слаби екипи оваа есен  и немавме проблем со ниту една освен со Металург. Тој дуел   беше вистинско дерби во кадетска лига и единствен со неизвесност и квалитет ривал спротив нас. Очекувано нашата доминација донесе лидерски места, уште од летните месеци доста работевме на подготовката, многу вложивме во физичката и татктичката подготвеност на тимот, па тоа донесе бенефит.  Очекувањата за пролетната полусезона не се поразлични од есенската.  Веќе ги знаеме екипите и знаеме како играат и очекуваме сигурен пласман во  завршните Ф-4 турнири во двете конкуренции. Потоа следи последната фаза, да ги одбраниме двете круни и да бидеме тим кој успел да во тој предзвик.

Имаме тренерски двоец, Платон-Папуџиева кој го води овој тим до ракометните височини. Одлични тренери, педагози посветени на напредокот на младите дами кои во секоја прилика ги потенцираат како заслужни за нивните успеси, исто така и нашиот голман дава посебен акцент на нивната работа.

*Нашите, Анжела Платон и Марија Папуџиева се посветени тренери кои секогаш пробуваат да не научат се повеќе и подобро. Тоа   некогаш е многу тешко и напорно, но знаеме дека тоа на крај ќе се исплати, ние имаме голема доверба во нивната работа и тие се грижат за нашиот напредок. Морам да потенцирам дека  поради нив успеавме да бидеме најдобри на многу турнири и да бидеме први во двете лиги изминатата сезона, трендот на успех под нивното „будно око“ го задржувавме и оваа есен кога дојдовме до двете лидерски места. 

Младата голманка вели: Поради трудот и залагањето на Платон и Папуџиева овој тим напредува и освојува титули

Младата голманка вели: Поради трудот и залагањето на Платон и Папуџиева овој тим напредува и освојува титули

Уште од формирањето на оваа селекција таа беше дел од истата. Ги мина сите нејзини епизоди до она што овој тим преставува денес во македонскиот клупски младински ракомет, па најдобро може да ја отслика силата и што е она што нив ги прави „нескршливи“. 

*Ние веќе трета година како тренираме заедно и се знаеме многу добро, блиски сме и делиме иста желба и љубов кон ракометот и кон клубот Вардар.  Тоа е „врзивна честичка“ на овој наш млад и перспективен ракометен тим. Нашата поврзаност е многу битна на натпреварите, знаеме како да си помогнеме и да бидеме потпора една на друга, тоа е од непроценливо значење за напредокот на тимот и за освојувањето на колективните награди кои постојано се наш таргет. Овој тим е составен од храбри и неуморни борци, сите девојки се за пофалба бидејќи даваат максимум на секој меч.

*Леа нема класичен идол на кој се угледува, но има омилени голмани од чии игри учи и им се восхитува. Таа наведува две дами и двајца голмани во машкиот ракомет како нејзин пример за успешен „чувар на мрежата“.

Идол во вистинска смисла на зборот немам, но има повеќе голмани кои ми се допаѓаат и сакам да ги гледам и да учам од нив. Тоа се холанѓанката Тес Вестер,  поранешната голманка на Вардар, французинката  Амандин Лејно. Свои примери имам  и од машките тимови, тоа се  Владимир Цупара и исто така поранешниот вардарец, единствениот  Арпад Штербик.

Сакам со Вардар да бидам дел од ЛШ, тоа е мој сон

Сакам со Вардар да бидам дел од ЛШ, тоа е мој сон

*За крај нашиот соговорник ни го открива својот ракометен сон, за кој тренира така напорно и постојано  во изминатиот период во црвено-црниот тим.

Мојот сон е да продолжам да се занимавам со ракомет и да играм за некој врвен клуб. Би сакала да бидам дел  во една од појаките лиги како што се во Франција ,Шпанија, Холандија. Сепак   најголема желба би ми било да играм со Вардар во ЕХФ Лигата на шампионите- вели Леа Христоска за Вардар фанс.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ