Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јовановски и Давков претставени како нови засилувања за Беласица
Јовановски и Давков претставени како нови засилувања за Беласица

Јовановски и Давков претставени како нови засилувања за Беласица

Фудбалскиот клуб Беласица и официјално ги претстави Дарио Јовановски и Грегори Давков како нови засилувања на екипата од Струмица.

Претходно објавивме на нашиот веб сајт, дека Јовановски до лето ќе биде позајмен на Беласица, додека Давков и дефинитивно го напушти Вардар, откако помина половина сезона како позајмен играч на ФК Скопје.

Давков дојде во Вардар во 2018 година, каде настапуваше за генерацијата 2003, откако претходно две години беше дел од Академијата на ФФМ. Инаку се работи за играч кој потекнува од фудбалската Школа „Фудбал Старс“ од Кочани.