Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар го искористи „киксот“ на Соколи 1933 и му ја превзема 2.позиција
КК Вардар го искористи „киксот“ на Соколи 1933 и му ја превзема 2.позиција

КК Вардар го искористи „киксот“ на Соколи 1933 и му ја превзема 2.позиција

На стартот на вториот дел од шампионатот донесе неколку возбудливи натпревари. Со една константа, продолжи победничката серија на лидерската екипа во оваа конкуренција. Кошаркарите на Чаир 2030 славеа победа на гостувањето во Битола, каде беа подобри од екипата на Хераклеа (86:65).

Во прилог на чаирчани им оди поразот на нивниот прв следбеник на табелата, екипата на Соколи 1933. Штипјани загубија на гостувањето во Македонска Каменица. Во доста неизвесен меч, Баскет Кам победи со (84:80), и ги одалечи новаците во ова друштво од првата позиција.

Нивниот пораз му одговара и на скопски Вардар, кој во ова прво коло од календарската 2022 година, извади тешка победа во Тетово. Беа за четири поени подобри од Тетекс ТТК (75:71), па сега се на делба на втората позиција со скор (9-3).

Многу важна победа за приклучок во горниот дел од табеата реализираа кошаркарите на Борец Баскет. На гостувањето во Скопје беа подобри од Партизан Водно Санс (92:78). Доволно за делба на петтата позиција заедно со екипата на Шкупи која пак во оваа коло запиша минимален пораз на гостувањето во Охрид (76:77).

Утре поладне, во Струга, од 13. часот, ќе играат Црн Дрим и Струмица.

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 12. КОЛО

Чаир 2030 – Хераклеа     86:65

Тетекс ТТК – Вардар        71:75

Баскет КАМ – Соколи 1933       84:80

Охрид – Шкупи     77:76

Партизан Водно Санс – Борец Баскет           78:92

01.02: Црн Дрим – Струмица

ТАБЕЛА: Чаир 2003 23, Соколи 1933 21, Вардар 21, Баскет Кам 19, Шкупи 18, Борец Баскет 18, Струмица 17 (-1), ГКК Охрид 17, Партизан Водно Санс 17, Тетекс ТТК 15, Хераклеа 14, Црн Дрим 13 (-1);

ИДНО КОЛО (05.02)

Соколи 1933 – Партизан Водно Санс

Борец Баскет – Чаир 2030

Шкупи – Тетекс ТТК

Струмица – Баскет КАМ

Хераклеа – ГКК Охрид

Вардар – Црн Дрим