Толку беше од Ристе Илијоски во Вардар. По само шест месеци минати во таборот на ,,црвено – црните”, бекот си замина и е во потрага по нов клуб.
Илијоски имаше свои натпревари како стартер во Вардар, но по доаѓањето на Глишиќ падна во втор план. Вардар сега во тимот го донесе и младиот Ричков, па стана јасно дека Илијоски ќе си замине од нашиот тим.
Покрај него, тимот го напушти и Петар Љамчевски, а Филип Петров замина во фудбалска пензија. Како што информиравме, Мирков и Јовановски се пратени на шест месечна позајмица.