Фудбалерите на Вардар предводени од Никола Глигоров утре ќе го одиграат првиот натпревар во новата година и тоа во Анталија на зимските подготовки, а противник ќе им биде тимот на СКА Ростов од Русија.
Се работи за тим кој во овој момент се натпреварува во една од вторите фудбалски лиги на Русија и која во овој момент е на првата позиција на табелата со два бода повеќе од второпласираниот тим. СКА Ростов веќе одработи и две пријателски средби во Анталија, меѓу нив одигра и 0:0 со тимот на Раднички.
Утрешниот натпревар на Вардар и СКА Ростов е предвидено да започне од 13 часот, а веројатно ќе има и видео стрим од дуелот.