Вардар доживеа тежок дебакл во Тетово откако попладнево беше совладан со убедливи 4:0 (2:0) од тимот на Ренова. Крајно разочарувачки натпревар на вардарци, без многу мотиви и конфузно ги одиграа овие 90. минути. Со овој пораз, сега Вардар падна на третата позиција на табелата.
Вардар по првиот дел имаше неочекувана негатива од два гола (2:0) во Тетово. „Гипсарите” преку Рамадани и Мбела уште по само 13. минути игра дојдоа до комотна предност, а Вардар во првиот дел имаше една зрела шанса и тоа преку Новак кој со глава биеше, а противничкиот голман со супер интервенција спречи гол за вардарци. Се играше 9. минута, Рамадани го измами Манев и биеше прецизно од само неколку метри за предност на домаќинот. Четири минути подоцна Мбела со прецизен удар од 10-сетина метри одкосо го совлада Гачевски за веќе 2:0. По двата гола Вардар се обидуваше да дојде до намалување на предноста, но створи само една супер шанса и тоа преку Новак во 40. минута кој со глава биеше, а домашниот голман со супер одбрана спречи погодок на Вардар.
Вториот дел започна лошо по Вардар исто како и првиот дел иако во игра на стартот влегоа Адем и Ибиши на местата на Колевски и Димоски. По само четири минути игра во вториот дел Ренова дојде и до убедливи 3:0, Манев си постигна автогол за точка на оваа средба. Во продолжението од натпреварот кај нашиот тим во игра влезе и Попзлатанов кој се врати по повредата. За дебакл и нов гол за домаќинот се погрижи Стојановски кој стрелаше прецизно за убедливи 4:0. Со овој резултат заврши дуелот. Разорачувачки натпревар на црвено – црните денеска.