Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Заспан Вардар во Тетово, негатива од два гола на полувреме
Заспан Вардар во Тетово, негатива од два гола на полувреме

Заспан Вардар во Тетово, негатива од два гола на полувреме

Вардар делува заспано во Тетово, Ренова по првиот дел има убедлива предност од 2:0. Домаќинот уште по првите 13. минути игра дојде до висока предност од 2:0. Првиот гол беше дело на Рамадани, откако Манев не успеа да расчисти опасност, противничкиот играч погоди за 1:0. За четири минути следуваше нов гол и нов шок за нашиот тим. Мбела доби една топка во празно, се чинеше дека Новак со лизгачки старт ќе ја пресече таа топка, но дојде до Мбела кој убаво со надворешна биеше прецизно за 2:0. Во 40. минута Новак имаше голема шанса за постигне гол со глава и да намали, но противничкиот голман одлично одбрани.

Ќе им биде тешко на Вардарци во вториот дел, се надеваме дека на крајот ќе стигнеме барем до бод во подобра игра.