Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа за РК Седмерец, Шампион и Бисинов одиграа со нерешен резултат, во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2008/09

Победа за РК Седмерец, Шампион и Бисинов одиграа со нерешен резултат, во машкиот дел на „Јуниор Лигата“ кај генер. 2008/09

Денес во малата сала на С.Ц. Јане Сандански продолжија натпреварите во ракометната „Јуниор Лига“. На програмата беа два меча во машкиот дел, кај генерацијата родени 2008/09 година.

На првиот меч се сретнаа екипите на Шампион и Бисинов, дуел кој заврши со нерешен резултат (5:5). Шампион беше тимот кој го отвори резултатот, но следеше серија за екипата од Велес од 0:4, за солидна предност на Бисинов од 1:4. Сепак како одминуваше мечот се топеше предноста на Бисинов. Намали екипата од Скопје на 3:4, па врати Бисинов за 3:5. До крајот на мечот подобро се снајде екипата на Шампион, која постигна два гола во серија, за конечни 5:5 на овој меч.

Интересен натпревар одиграа и екипите на Ангели од Скопје и Седмерец од Охрид, дуел кој минимално им припадна на охриѓани. Во најголем дел од првото полувреме се играше гол за гол, а Седмерец беше тимот кој прв поведе со два гола разлика (3:5). До крајот на првиот дел, екипата на Ангели постигна гол и намали на 4:5.

Во второто полувреме гледавме игра гол за гол на двете страни, се играше доста израмнето. Сепак екипата на Седмерец беше таа која не го даваше водството, повторно поведе со 6:8, што беше решавачки за победата. На крајот триумф за Седмерец со резултат 8:9.