Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Деби голови во Вардар за Наумоски и Костовски
Деби голови во Вардар за Наумоски и Костовски

Деби голови во Вардар за Наумоски и Костовски

Убава атмосфера на стадионот ,,Борис Трајковски“ во Скопје каде Вардар ја запиша првата победа сезонава, откако со 2:0 ја совлада екипата на Воска Спорт. Ова беше прва победа за Вардар оваа сезона, а втор пат во третиот натпревар ја сочува својата мрежа.

Токму головите вредни три бода ги постигнаа ,,новајлиите” во редовите на нашиот тим, младиот офанзивец Никола Наумоски и крилниот играч Кристијан Костовски. Наумоски стрелаше за 1:0 во првиот дел, а пак Костовски ја запечати победата во финишот по една одлична акција на нашите играчи.

Им посакуваме уште многу настапи, победи и голови во дресот на Вардар и на двајцата!