Братското дуо Оливие и Кевин Њокас се најнови засилувања на РК Вардар 1961. Браќата во Вардар остануваат една сезона, со можност соработката да биде продолжена за уште две сезони.
Дека Оливие и Кевин Њокас се веќе ракометари на Вардар и дека ќе можат уште во среда да дебитираат за Вардар во Лигата на шампионите, потврдија на нивниот заеднички ,,Инстаграм” профил, каде објавија фотографија од РК Вардар 1961. Кевин Њокас настапува на десната бековска позиција, a Оливие на лев бек.
Објавата на браќата Њокас: