Фудбалската репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа во низа, вечерва во Скопје нашата репрезентација ја совлада Белорусија со убедливи 3:о. Стрелци на головите од овој меч беа Стефан Спировски, за кој ова беше деби погодок во националниот дрес и Горан Пандев кој постигна два погодоци.
И на овој натпревар како и на натпреварот во Лихтенштајн, со гол мечот го отвори играч од редовите на ФК Вардар. Бобан Николов погоди прв протв Лихтенштајн, а сега дојде ред и на Стефан Спировски. Нашиот играч одигра одличен натпревар, го постигна првиот погодок во 40. минута со еден прецизен удар од 15-сетина метри. Во вториот дел во листата на стрелците се запиша и најдобриот наш играч Пандев кој постигна два погодоци.
Спировски одигра 78. минути, додека пак Филип Гачевски не доби шанса да дебитира на овој меч.