Македонската фудбалска репрезентација до 21 година продолжува со одличните игри и победи. По победата над Црна Гора, попладнево нашите играчи на пријателски натпревар ја победија и селекцијата на Бугарија со резултат 1:0, стрелец на голот беше Марјан Радески во 44. минута од мечот.
На овој натпревар дури петмина играчи од редовите на Вардар забележаа настап. Тоа беа: Игор Алексовски (голман), Дарко Велковски (одбрана) Бесир Демири (одбрана) Бобан Николов (среден ред) и Петар Петковски (напад).
Алексовски голот на Македонија го чуваше се до почетокот на вториот дел, исто така и Николов беше заменет на почетокот од второто полувреме, Дарко Велковски во игра беше се до 60. минута, Петковски во игра влезе во 60. минута, а пак Демири го одигра целиот натпревар.