Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар Јуниор битката за опстанок ја стартува со “малото дерби“ против Металург-2

РК Вардар Јуниор битката за опстанок ја стартува со “малото дерби“ против Металург-2

РК Вардар ќе игра за титулата во плеј-офот, прв меч е тој со Металург нагости овој викенд. Втората наша сениорска екипа во Супер лигата тимот на РК  Вардар јуниор ќе разигрува за опстанок заедно со петте други екипи кои не обезбедија пласман во плеј-офот по крaјаот на   регуларниот дел од сезоната во Супер лигата.

Избраниците на Стојан Петрушевски  ќе стартуваат со 13 бода во плеј-аут сегментот.  Според пропозициите на ракометнта федерација на земјава во битката за останување во елитата  ќе играат десет кола. Овдека  се пренесуваат бодовите од меѓусебните дуели од екипите што исто така играат во плеј аут. Ждрепката сакаше и кај вториот тим  да играме со тимот од Автокоманда, во првото коло Вардар јуниор е домаќин на младиот сино-бел колектив тимот на РК Металург 2. Првиот дуел ќе се игра во нашата сала   С.р.ц “Кале“. Покрај нас останати двојки се Радовиш – Работнички и Прилеп – Пролет. Последната екипа дирекно испаѓа од елитата, а предпоседната игра бараж со вториот тим во Првата лига.