Своето деби во ”црвено – црниот” дрес вчера го имаа двајца нови играчи на ФК Вардар. Се работи за: Младиот и талентиран голман Игор Алексовски кои вчера на натпреварот против Спартак Трнава се најде во стартните 11-мина, и го бранеше голот на нашиот тим во првиот дел. На своето деби, Алексовски имаше неколку добри интервенции.
Исто така на вчерашниот натпревар своето деби во ‘црвено – црниот” дрес го имаше и новиот играч на Вардарци Џонатан Балотели, кои пристигна во Австрија само пред два дена и потпиша две годишен договор со шампионот. Балотели влезе во игра во 46 минута од мечот и го заврши натпреварот. Се надеваме дека во иднина и двајцата ќе имаат забележителни настапи во ”црвено – црниот” дрес, едниот со голови, а другиот со интервенции.