Предмалку шампионот на хрватска и преставник во Лигата на Шампионите, тимот со кој нашиот црвено-црн фудбалски колектив ќе ги одмери силите назначи нов тренер. Станува збор за Златко Крањчар кој го зазема местото на Зоран Мамиќ. Мамиќ вечерта по добивањето на Вардар замина да работи во клуб на блискиот исток.
Крањчар е поранешен играч и тренер на загребските “модри“ исто така и ја извршуваше функцјата селектор во нивната земја. Тој е миленик на загребската публика бидејќи голем период од својата професионална кариера помина во Динамо, тој по цели 18 години повторно се враќа во својот тим. Тој за Динамо одиграл 307 дуели на кој погодил над стотона пати поточно 125. Има титули како фудбалер во првенството 1982 и во Купот 1980 и 1983 година. Исто така и како тренер има титули, две првенствени и два куп наслова. Вардар и Динамо ќе се сретнат во второто предквалификациско коло од Лигата на шампионите, првиот меч се игра во Скопје. Колку и да е богата биографијата на нивниот старо-нов тренер добиваме предност во однос на загребчани во однос на краткиот временски период кој ќе го имаат да се адаптираат на начинот на работа и системот на Крањчар.