Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Вандаир за Вардарфанс: Ако ние можевме со ЦСКА зашто денеска овие момци да не триумфираат со Динамо
Вандаир за Вардарфанс: Ако ние можевме со ЦСКА зашто денеска овие момци да не  триумфираат со Динамо

Вандаир за Вардарфанс: Ако ние можевме со ЦСКА зашто денеска овие момци да не триумфираат со Динамо

Во пресрет на првиот меч со Динамо Загреб  свое мислење  за Вардарфанс , своите очекувања за истиот и спомените од дуелите кога тој настапуваше во Вардар ги споделува Вандаир. Бразилецот имаше значајна улога во црвено – црниот табор како во неколкуте сезони во домашниот шампионат така и во европските купови. Вандаир зад своето име го запиша рекордот за најдобар стрелец на ФК Вардар во мечевите организирани од европската фудбалска организација. Овој бразилец кој одлично говори македонски во изјвата за нашиот сајт вели:

Каде е денес Дон Сантош Вандаир? Игра ли сеуште фудбал, го следи ли нашиот фудбал и случувањата во него ?

  • Па да играм во полу-професионална лига во државата Минас Гериас во тимот “Clube Atlético Pompeano“, а пак заедно со семејството мое  живеам сега во Помпеу МГЈас го следам македонскиот фудбал во текот на цела година посебно Вардар како мој тим во кој сум минал прекрасни моменти. 

Какво е твоето мислење за противникот и шансите на ФК Вардар во европскиот двомеч со тимот на загребски Динамо ?

  • Знам дека да се игра со било кој тим во Лигата на шампионите е тешко за македонскиот преставник, сепак јас мислам дека иако е силен Динамо е балкански тим што му ја олеснува делумно задачата на Вардар. Сепак мора да се игра од срце, ако ние можевме со ЦСКА зашто денеска овие момци да не може да триумфираат со Динамо. 

Какви спомени те врзуваат за мечот во ЛШ одигран на Градскиот стадион во Скопје кога со единствениот твој погодок го сруши рускиот шампион  тимот на ЦСКА Москва ?

  • Емоции….Тој момент е нешто најубаво што сум почуствувал во мојата фудбалска кариера. Беше полн стадионот, сите навиваа во еден глас за Вардар, се сеќавам кога се пееште “Вардар е еден...“. Јас погодив им подарив радост тоа беше боженствено и незаборавно нешто.

Го запрашавме дали и колку му значи рекордот како најдобар стрелец на црвено – црните во европските фудбалски натпреварувања.

  • Многу сум горд, навистина сакам така и да останам во сеќавањата на вардаровите навивачи како Вандаир кој погодуваше во европските мечеви. На тие голови се сеќааваат сите вардарци и македонци се надевам.

Во моментов во црвено-црниот тим има двајца ваши сонародници Фелипе и Балотели, дали сте запознаети со нивните квалитети и што мислите за нивната иднина во вардаровиот тим?

  • Не сум добро запознат со нив двајца мора да признаам, но им поскаувам се најубаво во Вардар и да постигнат се што сум постигнал јас со Вардар: голови, победи, меѓународни триумфи, пехари… Исто така сакам за крај на сите македонски и вардарови навивачи да им кажа, дека никогаш нема да ги заборавам нив и државата Македонија, бидејќи ден денес носам прекрасни спомени од таму. Јазикот воопшто не го заборавив, видовте и вие (до редакцијата на Вардар фанс) дека комуницирав на македонски, тоа е мојот втор дом и мојот втор мајчин јазик.

 Михајло Тушевски