Своето деби во репрезентацијата на Црна Гора ќе го има стоперот на Фк Вардар Немања Мијушковиќ. Овој дефанзивен играч ќе биде во составот на својата репрезентација, на пријателскиот натпревар против Македонија, кој ќе се одигра на арената Филип Втори. Дуелот е закажан да се одигра на 12 ноември, кој ќе биде прв тест и деби за новиот Македонски селектор Ангеловски. Мијушковиќ дојде на почетокот на сезоната во редовите на Вардар, како замена за повредениот Златко Таневски. Црнагорксиот репрезентативец се наметна како прв избор на шефот на стручниот штаб во Вардар, Гоце Седлоски. Тој заедно со Грнчаров се незаменлив дел на стоперската позиција, и за сега функционираат беспрекорно. Мијушковиќ воедно на овој дуел, ќе игра против своите Брдаровски и Глигоров кои се повикани за Македонската фудбалска репрезентација, во пресрет на овој пријателски дуел.