Селекторот до 21 година Бобан Милевски го соопшти списокот на повикани играчи за дуелот од квалификациите против Франција, кој на 15.11.2015 ќе се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 13 часот. Ова е многу важен меч за нашата млада фудбалска репрезентација, која на последниот гостински натпревар излезе како победник против С. Ирска.
Од таборот на нашиот шампион се повикани тројца играчи: Дарко Велковски, Бобан Николов и Петар Петковски.