Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Дечињата од ГФК Неготино гости на ФК Вардар генер. “2005“ со кои одиграа контролен натпревар
Дечињата од ГФК Неготино гости на ФК Вардар генер. “2005“ со кои одиграа контролен натпревар

Дечињата од ГФК Неготино гости на ФК Вардар генер. “2005“ со кои одиграа контролен натпревар

Вардаровата генерација родени “2005“ година не застануваат со одигрување на контролни натпревари. Дефинитивно најактивната генерација предвоена од Игор Кралевски, по завршување на есенскиот дел во детската лига. Во текот на вчерашниот ден гости на академијата на ФК Вардар, беа дечињата од ГФК Неготино.

15622683_1171694796284025_5701445739013722253_n

Во еден пријателски натпревар, Вардар на крајот славеше со резултат од 10:2. На овие контролни натпревари сите дечиња добиваат подеднаква минутажа, за да се види формата во која се наоѓаат. Гостите од Неготино беа воодушевени од условите во кои тренираат Вардарвите деца и од пречекот кој им беше направен. Тие на својот профил напишаа: Во прекрасни услови, услови кои би ги посакал секој клуб, одиграни пријателски фудбалски со брендот во Р.Македонија екипата на ФК Вардар Скопје во ген.2005г.и 2008г. 

Исто така имавме контролен меч и со екипата на Смилковци од генерација родени 2004 година, која ја совладавме со резултат 9:4. Ова не е крај за оваа генерација на ФК Вардар, која во понеделник ќе одигра контролен натпревар со екипата на Скупи, додека во среда на теренот на академијата ќе ја пречекаме екипата на Постолов-Пандев.  На 23-ти декември започнува одморот за оваа генерација на ФК Вардар, која со двете екипи стана есенски шампион.