Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Во најинтересниот меч од “Јуниор“ лигата, РК Илинден славеше против Кисела Вода-Вардар 2, кај генер 2002/03
Во најинтересниот меч од “Јуниор“ лигата, РК Илинден славеше против Кисела Вода-Вардар 2, кај генер 2002/03

Во најинтересниот меч од “Јуниор“ лигата, РК Илинден славеше против Кисела Вода-Вардар 2, кај генер 2002/03

Најинтересениот натпревар од денешната програма во “Јуниор’ лигата се одигра во генерација 2002/03, помеѓу машките екипи на РК Илинден и Опш.Кисела Вода 2. На крајот славеа избраниците на Дарко Јанев, ракометната школа Илинден-Вардар.

Во првите пет минути од мечот, РК Опш.Кисела Вода имаше водство кое не беше поголемо од еден гол разлика. Последната нивна предност на овој меч беше при резултат 2:3, но од тој момент следи доминација во играта на РК Илинден кој прави резултатски пресврт и со серија од 5:0 поведуваме со 7:3. До крајот на првото полувреме, Кисела Вода успева да ја намали разликата и на одмор да се замине со резултат 8.5.

vardarfans-janev

Во второто полувреме, РК Илинден го одржуваше водсвтвото, но на моменти Кисела Вода се доближуваше на нивната предност. Набрзина во вториот дел намалија на 9:8 и во следните пет минути се играше гол за гол на двете страни. Избраниците на Дарко Јанев повторно успеваат да се одлепат на три гола позитива (13:10), но во последните пет минути следевме вистинска драма на Кале. Кисела Вода успева да сврзе три голови и во последната минута од мечот да го израмни резултатот на 13:13.

vardarfans-rk-ilinden

Сепак во последниот напад беше свирен удар од седум метри за Илинден, на 7 секунди пред крајот на мечот. Илинденци успешно го реализираа пеналот и поведоа со 14:13. Немаше време на спротивната страна за нешто повеќе, па мечот заврши со конечен резултат од 14:13.

vardarfans-rk

Кај победничкиот тим Филип Давидовски постигна 5 голови, кај Кисела Вода Вардар 2 по 4 погодоци беа дело на Стефан Анастасовски и Виктор Митевски.

vardarfans-rk-ilinden-2