Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > Среќен роденден ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА! Драган Мутибариќ денес полни 70 год.
Среќен роденден ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА! Драган Мутибариќ денес полни 70 год.

Среќен роденден ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА! Драган Мутибариќ денес полни 70 год.

Денес својот 70-ти роденден го прославува најголемото голманско име во фудбалскиот клуб Вардар од основањето далечната 1947 до ден денес, Драган Мутибариќ. Тој на денешен ден далечната 1946 се роди во Сомбор-Србија, сепак животот посака да биде скопјанец и вардарец да биде играчот со бројот еден во скопски Вардар каде највеќе се афирмираше. Редакцијата на Вардар фанс му посакува долг живот и здравје.

Меѓу плеадата извонредни чувари на „црвено-црната“ мрежа, во преден план отскокнува името на прославениот и честопати несовладливиот Драган Мутибариќ. Роден на 10 ноември 1946 година, во Сомбор – соседна Србија, Мутибариќ со успех настапува меѓу вардаровите стативи, најпрвин од 1966-тата до 1975-тата, а потоа и од 1979-тата до 1983-тата година.

Во тимот на Вардар има брането на вкупно 461 натпревар, од кои 256 се првенствени средби и според бројот на настапите се наоѓа на четвртото место во богатата клупска историја.

Човекот кој остави неизбришливи траги со неговите бравурозни интервенции, во неколку наврати работеше и како тренер на голманите во првиот тим и младинските екипи на Вардар. Токму како  член на стручниот штаб, Мутибариќ може да се пофали и со четири освоени трофеи во државното првенство (сезона: 1992/93, 1993/94, 1994/95 и 2002/03) и еден во националниот куп (1997/98) во независна Република Македонија.