Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Душебаев: Сакаме навивачите да ни помогнат како и секогаш, ни треба полна сала
Гонзалес и Душебаев: Сакаме навивачите да ни помогнат како и секогаш, ни треба полна сала

Гонзалес и Душебаев: Сакаме навивачите да ни помогнат како и секогаш, ни треба полна сала

Вардар  в сабота  со почеток во 17-30 часот е домаќин на европскиот првак Кјелце, меч што од страна на ЕХФ е прогласен за натпревар на колото во ЕХФ Лигата на шампионите. Двата тима се на делба на првото место во Б групата.  Лани со овој противник се сретнавме во групната фаза, во дуелот во СЦ „Јане Сандански” подоцнежниот европски шампион беше  високо поразен со 34-24. Во сабота новиот меч е нова приказна, по тој повод се оддржа стандардна прес конференција, на истата шпанецот Раул Гонзалес, тренерот на Вардар го изјави следново:

Во сабота играме натпревар против актуелниот европски првак. Очекувам многу добар натревар, зашто имаат многу квалитетни играчи, крупни и паметни, и очекувам да играме со добра одбрана. Имаат многу добар напад и треба да го искористиме нашиот контранапад. Ние сме добри. Трениравме вчера, ќе се спремаме попладне денес и утре. Потоа ќе одлучиме кој ќе игра. Треба да биде многу добар натпревар. Салата треба да биде полна, ни требаат сите навивачи.

 Алекс Душебаев, десниот бек на Вардар има интересна позиција на овој дуел тој  покрај тоа што игра против сопствениот татко ќе игра против тимот чии играч ќе биде од другата есен. За мечот задутре тој изјави:

Знаеме дека играме против европски шампион и знаеме дека ќе биде многу тежок натпревар. За нас е важен натпревар за да се бориме за прво место, да се пласираме директно за четврт-финале. Многу ги почитуваме играчите од Кјелце и сезонава играат многу добро и мораме да бидеме паметни. Знамеме дека имаат добри играчи на сите позиции, и бекови и пикери. Мораме да се спремиме секој за својата акција. Но, ќе се види на натпреварот. Сакаме навивачите да ни помогнат како и секогаш, ова е голем натпревар. Најважно е да нема грешки и да даваме голови на контранапади. Квалитетно да ги изиграме сите 60 минути,